Во Велика Британија се држат часови по математика на отворено зашто така децата учат повеќе

- Advertisement -

Училиштата во Велика Британија држат часови на отворено и така им помагаат на децата да учат подобро. Така наставниците повеќе уживаат во својата работа. Истражувачите ги изучуваат ефектите од одржувањето часови во паркови и шуми. Тие открија дека ако учат во природа децата се позаинтересирани, имаат подобра концентрација и подобро се однесуваат.

Освен тоа, се подобрува и нивното здравје и нивната добросостојба. Научниците веќе имаат докажано дека децата учат подобро кога се чувствуваат поубаво, а престојот во природа ги прави посреќни, поздрави и покреативни. Но, децата во Велика Британија денес во просек поминуваат двојно помалку време во природа во споредба со нивните родители, а една третина од децата воопшто не играат надвор.

- Advertisement -

Иако учењето во природа не се практикува во секоја земја во светот, тоа е честа пракса во земји како Финска и во Сингапур, а во Норвешка децата во градинка во лето поминуваат 70% од училишниот ден надвор. Истражувачите велат дека за учењето во природа да биде нашироко прифатено  образовните системи треба повеќе да го ценат задоволството на децата и уживањето на училиште.

UK schools are holding maths classes outdoors and it's helping kids learn better

Nature + learning = happiness.📕 Read more: https://wef.ch/2WB4ByS

Posted by Video – World Economic Forum on Среда, 12 јуни 2019

Сподели!
- Advertisement -