Поради топлотен бран Париз забрани сообраќање на 60% од возилата

- Advertisement -

Франција се соочува со рекорден топлотен бран додека загадувањето на воздухот интензивно се зголемува. Какво решение најде Франција? Забрана за помалку еколошки автомобили во францускиот главен град, односно 60% од автомобилите додека не се намалат температурите.

Забраната за автомобили во Париз виси во воздух уште од 2017 година кога Париз го воведе системот Crit’Air лепенки во боја со броеви од 0 до 5. Најголемите загадувачи, односно дизел возилата постари од 2000 година добиваа лепенка со бројот 5 и се забранети во централниот дел на градот од јули 2017 година. Овој јули забраната се проширува на возила со лепенки со бројот 4, односно дизел возила регистрирани од 2001 до 2005 година, како и за моторцикли постари од 2004 година и камиони од 2006 до 2009 година.

- Advertisement -

Овие возила не смеат да сообраќаат по обиколницата A86 во текот на работната недела од 8 часот наутро до 18 часот. Но, поради екстремно високите температури, сега привремено се забранети и возила со лепенка со бројот 3. Тоа значи дека во моментот оваа забрана важи за 60% од сопствениците на возила во Париз. Можат да сообраќаат само возила на водород и електрични возила, бензинци понови од 2006 година и дизел автомобили понови од 2011 година.

Казните за непочитување на забраната се движат од 68 евра за автомобили и моторцикли до 135 евра за камиони. Други мерки против загадувањеето на воздухот во францускиот главен град вклучуваат повеќе бесплатно паркирање за да се поттикне користењето на јавниот транспорт и значително намалување на брзината на движење по автопатите.

Сподели!
- Advertisement -