Huawei ќе инвестира 793 милиони долари во Полска

- Advertisement -

Кинескиот технолошки гигант Huawei сака да инвестира 793 милиони долари во Полска во текот на идните пет години, иако од улогата на кинеската компанија во воведувањето на 5G мрежите може да зависи голем дел од инвестициите. САД изразија загриженост во поглед на безбедноста на технологијата на Huawei  и ги поттикнаа своите сојузници да не ги користат нивните пропизводи. Од Huawei сега порачуваат дека нивната технологија не претставува безбедносен ризик за корисниците.

Од владата на Полска уште во февруари изјавија дека се подготвени да го исклучат Huawei од 5G мрежите откако беше уапсен вработен во Huawei, кој воедно бил и припадник на полската разузнавачка служба поради обвинение за шпионажа.

- Advertisement -

„Во наредните пет години планираме да потрошиме 793 милиони долари во Полска преку аквизиции. Huawei сака да се развива и да инвестира во Полска, но тие инвестиции мора да имаат смисла од бизнис перспектива“ изјавија од Huawei и додадоа дека компанијата чека да види каква ќе биде новата улога на Huawei во плановите на Полска за 5G мрежата.

Сподели!
- Advertisement -