Новата фабрика на Volkswagen ќе се гради во Турција

- Advertisement -

Долгата неизвесност околу локацијата за изградба на новата фабрика на Volkswagen заврши, пренесуваат германските медиуми. Тие откриваат дека истата ќе се изгради во Турција.

Речиси една година трае изборот на локација за новата фабрика, а до последен момент најсериозни кандидати беа Бугарија и Србија. Претходно, во игра беше и Романија, а намери за привлекување на оваа голема инвестиција покажа и Косово.

- Advertisement -
“Дефинитивно е избрана Турција каде има солидна инфраструктура, но несигурно политичко окружување, а другата локација е постабилна Бугарија која е дел од Европската Унија” изјави лидерот на синдикатот на Skoda, Јарослав Повшик.

Инаку во новата фабрика на Volkswagen Групацијата предвидено е да се произведуваат неколку модели на Skoda и Seat, а годишниот производствен капацитет е проектиран на 350 илјади автомобили.

Сподели!
- Advertisement -