Одржливи се, отпорни на пожар, не држат влага и се карбонски негативни. Овие тули кои личат на лего коцки и полесно се градат затоа што се вклопуваат навистина како познатите коцки за деца се навистина еколошко решение за градење куќи, а се направени од еден вид на марихуана.
Овие тули ги прави компанијата Just BioFiber и оттаму тврдат дека пронашле начин за комбинирање на дрвенестиот дел од стеблото марихуана со зелен лимон и вода за да направат тули кои имаат потенцијал да го сменат начинот на кој градиме домови.
Махируана, всушност,ја задржува топлината и го заловува јаглерод диоксидот додека расте четири пати побрзо отколку што го прават тоа дрвјата, па тоа значи дека е карбонски неутрален материјал. Она што го прави оваа компанија, всушност, е заловување на јаглерод диоксидот од воздухот во овие тули. Освен што се многу поеколошки од традиционалните тули, изгледаат како лего коцки и имаат супериорна способност за одржување на температурата ладна или топла.
Најголемиот бенефит од тулите за луѓето кои би живееле во домови направени од вакви ѕидови веројатно е квалитетот на воздухот внатре затоа што ја регулираат влажноста на воздухот, на нив не може да се зафати мувла, зимно време одржуваат топло, а летно време ладно. Во суштина, тие се идеален градежен материјал затоа што никогаш нема да имате потреба од клима уреди.
Тулите од марихуана исто така се огноотпорни. Ако пробаш да ги запалиш, нема воопшто да се појават искри, нема пламен, нема чад, односно нема термален трансфер. Тоа значи дека пожарникарите кои ќе влезат во зграда направена со вакви тули секогаш ќе бидат безбедни зашто нема опасност од срушување на зградата.
Процесот на производство на вакви тули е многу побрз и кога ќе се произведат, за неколку дена може да се употребуваат. Понатаму, штом ќе се изгради некој ѕид со вакви тули, нема потреба да се чека за да почнете да малтерисувате од надворешната страна.
This Alberta company blends hemp, lime and water to create eco-friendly building blocks that can be used a bit like giant lego — and the building material is fire resistant: www.cbc.ca/1.5169542
Posted by CBC Calgary on Четврток, 13 јуни 2019