На јавниот повик за субвенционирани велосипеди во Скопје се јавиле над 4.000 граѓани

- Advertisement -

Град Скопје соопшти дека денеска го затвориле вториот јавен повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства.

Над 4.140 граѓани се пријавиле за субвенционирање на купување на велосипед. Во првиот јавен повик биле пристигнати 3.472 барања, додека со вториот пристигнале над 670 барања.

- Advertisement -

Од Град Скопје информираат и дека од утре (16.07), барања за субвенционирање на купени велосипеди нема да се примаат во архивата.

Според јавниот повик Градот Скопје ќе го субвенционира купениот велосипед во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Сподели!
- Advertisement -