Nestle пронајде начин да произведе чоколадо без шеќер!

- Advertisement -

Nestle пронајде иновативен начин да направи чоколадо без додавање на шеќер! Наместо тоа компанијата ги користи остатоцитете од какао за да го заслади темното чоколадо, бидејќи потрошувачите сè повеќе бараат природна и поздрава храна.

Nestle, со помош на специјална патентирана техника ја претвора белата пулпа што ги покрива зрната какао во прашок кој природно содржи шеќер. Досега, пулпата никогаш не била користена како чоколадо засладувач, и генерално е фрлана.

- Advertisement -

“Nestle би можел да го искористи истиот процес за производство на млечно или бело чоколадо во иднина”, изјави Александeр Вон Милот, шеф на слаткарницата на Nestle.

Овој потег на Nestle може да и помогне на компанијата да ја зајакне нејзината лидерска позиција во индустријата. Новото Nestle 70 проценти темно чоколадо ќе има дури 40 проценти помалку шекер од повеќето слични чоколади со додаден шеќер.

Сподели!
- Advertisement -