Наместо да се запознаваат лично, Јапонците ќе одржуваат состаноци преку роботи

- Advertisement -

Јапонија е земја на екстреми. Од една страна, многу внимаваат на традицијата и на обичаите, а од друга страна се една од технолошки најнапредните земји во светот. Последните години Јапонија се бори со мал број на бракови. Младите луѓе се подолго остамнуваат да живеат со своите родители, а тие што ќе се осамостојат, тешко се одлучуваат на брак и основање семејство.

Затоа, не е чудо што се популарно станува т.н. speed dating или брзо запознавање, на кое учесниците имаат три минтуи да дознаат што е можно повеќе за секој од останатите учесници и така можеби да ја пронајдат сродната душа. Но, јапонските брзи запознавања се поинакви од остатокот од светот.

- Advertisement -

ИТ компанијата CyberAgent претстави роботско спојување, односно брзо запознавање со користење роботи. Се организираат средби на кои потенцијалните парови седат еден наспроти друг, но во текот на три минути не говорат ништо, туку остваат два роботи да зборуваат наместо нив.

Пред самиот состанок заинтересираните учесници пополнуваат детален прашалник во кој ги опишуваат своите интереси, што сакаат и што не сакаат, основни податоци за себе, а тие одоговори потоа се ставаат во меморијата на роботите. За многумина оваа идеја би била застрашувачка, но за многу Јапонци кои се срамежливи ова е одличен начин за пробивање на мразот.

- Advertisement -

Од CyberAgent се надеваат дека ваквото роботско спојување ќе заживее  и ќе се шири, а потенцијал гледаат и во користење на роботите за комуникација со се повеќето странски туристи кои доаѓаат во Јапонија.

Сподели!
- Advertisement -