Vodafone пушти 5G роаминг во 55 градови во Европа

- Advertisement -

Vodafone објави дека нивната 5G роаминг услуга сега е достапна во 55 градови во Европа. Почнувајќи од вчера Vodafone 5G роаминг моѓе да се користи во четири европски земји: Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство од страна на сите корисници кои имаат 5G уреди.

Ова им овозможува на сите корисници на Vodafone да имаат ултрабрз Интернет додека уживаат на плажа на Медитеранот или се сончаат крај базен и уживаат слушајќи музика. Vodafone уште ја нема објавено целосната листа со градови каде што има 5G роаминг, но познато е дека меѓу нив се Минхен, Мадрид и Рим.

- Advertisement -

Веројатно како што расте 5G мрежата во Европа на оваа листа ќе бидат додадени повеќе земји и градови. Од компанијата велат цената за 5G роаминг е иста како за користење 5G дома, односно чини речиси исто како сегашната 4G мрежа. Во моментот Vodafone е единствената британска телеком компанија која нуди 5G роаминг, но со оглед на тоа дека станува збор за тесна трка, многу набрзо и другите телеком оператори ќе ја понудат истата услуга.

Сподели!
- Advertisement -