Ракетата на Илон Маск која треба да го однесе до Месечината успешно лебдеше

- Advertisement -

Ракетата Starhopper на Илон Маск, која наликува на експрес лонец во комбинација со водена кула, успеа да полета. Поточно, лебдеше неколку метри над површината од Земјата неколку секунди и потоа се приземји, но Маск и неговиот тим докажаа дека неговиот прототип на ракета за Месечината сепак е функционален.

Целиот тест траел 15-ина секунди, но тоа е доказ што можеме да очекуваме од SpaceX во иднина. Имено, Starhopper е нова генерација ракети на SpaceX со нов ракетен погон. Со својот дизајн кој овозможува повеќекратно користeње, оваа ракета е замислена да превезува товар и луѓе до Месечината, па дури и до Марс.

- Advertisement -

Исто како и другата ракета на SpaceX, Falcon 9, Starhopper полетува и слетува вертикално за веднаш да биде подготвена за повторна употреба.

- Advertisement -

Но, иако од SpaceX докажа дека нивниот прототип функционира, ќе мора да почекаме уште некое време за да ја видиме оваа ракета во вселената. Пред се, мора да докажат дека овој, малку чуден, дизајн на ракети навистина функционира, но и дека новиот главен мотор, Raptor, е способен да ја исфрли ракетата повеќе од само неколку метри над земја.

Првиот тест со оваа ракета се случи еден ден претходно, но не беше успешен. Не е познато што точно се случило, но тестирањето било прекинато веднаш по палењето на погонскиот мотор. Маск најави дека SpaceX ќе го повтори тестирањето за една до две недели, која Starhopper би требало да полета до висина од 200 метри, што ќе потврди дека моторот од типот Raptor функционира.

- Advertisement -

Што ќе се случува потоа? Маск тврди дека за две години отсега ќе ја спушти првата ракета на Месечината. Но, тој е познат по своите премногу оптимистички прогнози.

Сподели!
- Advertisement -