Младата Ана Марија Атанасовска освои второ место на светскиот Microsoft Office Specialist натпревар кој оваа година се одржа во Њујорк, САД. Таа се натпреваруваше во категоријата Microsoft PowerPoint 2013. Oва е највисокото место што досега го постигнал македонски претставник на натпреварот.

Таа на крајот од мај беше избрана за национален претставник, по финалето на државниот натпревар кој се одржа во Скопје, а на кој учествуваа најдобрите 40 млади од речиси 700 пријавени лица.

- Advertisement -

Но, денеска во Њујорк беше и доделувањето на наградите од Adobe Certified Associate натпреварот. Како наш претставник беше Сара Мисајловска. Целта на овој натпревар беше да ги тестира вештините за дизајнирање на учесниците преку програмите Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign.

- Advertisement -

Натпреварот за Microsoft Office Specialist во нашата држава се одржува веќе четврти пат по ред, додека за Adobe Certified Associate е вторпат.

Идејата на овие натпревари е да се поттикне дигиталната писменост меѓу младите.

- Advertisement -

Организатори на националните турнири беа Certiadria, Семос Едукација и Стопанска банка, во соработка со Град Скопје.