Во центарот на Белград ќе биде отворен музеј на Новак Ѓоковиќ

- Advertisement -

Сите го знаеме дефинитивно најпопуларниот Балканец во светот, српскиот тенисер Новаќ Ѓоковиќ, кој докажа дека посветеноста и напорната работа се рецепт за успех без оглед од каде потекнуваш. Тој успеа да стане тенисер број еден во светот и да застане рамо до рамо со некои легендарни имиња како Андре Агаси и Борис Бекер, кој беше и негов тренер.

Сега тој сака да остави нешто од себе за Балканот, па идната година во центарот на Белград ќе биде отворен музеј посветен на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ. Ова го најави неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ.

- Advertisement -

„Идната година отвораме музеј во центарот на градот.  Има огромна заинтересираност од домашните и од странските компании, а особено се заинтересирани Кинезите. Новак е многу популарен во Кина“ изјави Срѓан.

Новак Ѓоковиќ има освоено 16 грен слем турнири и моментално е број еден рекет во светот. Тој е познат и по својата хуманитарна работа со својата фондација „Фондација Новаќ Ѓоковиќ“. Во март годинава тој доби награда за неговата хуманитарна работа од списанието Diplomacy and Commerce, а неговата фондација беше прогласена за фондација на годината.

Сподели!
- Advertisement -