Илон Маск ќе кoпа подземни тунели за утрабрз транспорт и во Кина

- Advertisement -

Треба уште многу да се работи додека компанијата The Boring Company на Илон Маск ги направи првите тунели за ултрабрз подземен транспорт во САД, но се чини дека сега Маск се сели со копањето тунели преку Тихиот Океан. Тој во текот на викендот откри дека во Кина работи нова гранка на неговата компанија.

Во мај годинава, речиси две и пол години откако Маск за прв пат ја изнесе идејата за решавање на проблемот со сообраќајниот метеж, властите на Лас Вегас потпишаа договор со компанијата на Маск со кој и се одобрува изградба на транспортен тунел до реновираниот конвенциски центар во Лас Вегас.

- Advertisement -

Тој треба да биде готов подоцна годинава, а системот ќе се состои од тру тунели кои ќе превезуваат луѓе помеѓу станици во модифицирани електрични автомобили Tesla и во други модели. Планот е овие автомобили со тек на време да почнат да возат самостојно со капацитет да транспортираат најмалку 4.400 патници дневно.

Маск сега најави и дека во текот на Светската конференција за вештачка интелигенција, која се одржува во Шангај од 29 до 31 август, тој ќе ја лансира кинеската подружница The Boring Company China. Исто така, потврди и дека неговата компанија ќе прави и подводни тунели за ултрабрз сообраќај.

- Advertisement -

Неикој не може да знае во моментот точно какви се плановите на Маск за тунелите и сообраќахот во иднина, но сигурно е дека тој има големи планови за Tesla во China. Компанијата продолжува зо изградбата на својата Гигафабрика во Шангај, каде што планира да почне да произведува автомобили за локалниот пазар, вклучувајќи и производство на седанот Model 3 за масовниот пазар до крајот на оваа година.

Сподели!
- Advertisement -