Кина отвора фабрика за експлозиви во Србија

- Advertisement -

Најголемата кинеска компанија за производство на експлозивни материјали во стратешко партнерство со белградската компанија Rudeks во околината на Бољевац ќе отвори фабрика за производство на индустриски експлозиви. Фабриката ќе никне на просторот на некогашен воен комплекс во околината на Бољевац, кој служел како складиште за муниција.

Засега името на кинеската компанија и вредноста на инвестицијата се деловна тајна. Комплексот во околината на Бољевац се простира на површина од околу седум хектари, а е составен од подземни складишта за муниција. Според наводите на весниците, моментално се при крај инфратруктурното опремување и процедурата за прием на работници.

- Advertisement -

Најголемиот потрошувач на индустриски експлозиви во Србија е Zijin Srbija, некогашен RTB „Bor”, кој на рудниците Мајданпека и Бора годишно троши повеќе од 250 тони индустриски експлозив, а Бољевац е град во близина на Бор.

Сподели!
- Advertisement -