Апликација за мобилни телефони го забрза откривањето на потенцијално опасна болерст на бубрезите кај болничките пациенти. Докторите ја опишуваат оваа технологија како потенцијален спасител на животи затоа што поставува дијзагноза са само неколку минути наместо неколку часа.
Акутните заболувања на бубрезите се сериозен здравствен проблем предизвикани од уште посериозна здравствена состојба, вклучувајќи ја и сепсата, а од таков проблем страда секоја петта личност примена во болница. Оваа здравствена состојба е почеста кај постарите болни и ако не се реагира брзо, може да влијае на другите органи. Само во Велика Британија, на пример,
годишно умираат по 100.000 луѓе поради компликации со бубрезите.
Во текот на тестирањето на апликацијата во лондонската болница Royal Free Hospital докторите и медицинските сестри добивале предупредувања преку апликација за мобилни телефони во просек на секои 14 минути што ќе стигнат резултатите од крвта. Без апликацијата на класичен начин резултатите се чекаат неколку часа.
Новиот систем познат како Streams е резултат на соработката на Royal Free Hospital и технолошката компанија DeepMind. Добиените наоди се испраќаат директно на клинички доктори во вид на резултати и лесно чистливи графикони. DeepMind e во сопственост на Alphabet, компанијата-мајка на Google. Менаџерите на болницата досега се задоволни од резултатите и велат дека со апликацијата драстично го скратиле времето на читање на наодите и првичните интервенции, но и трошоците на лечење.