Се е поизвесно дека по 20 август ќе прекине соработката меѓу Huawei и Google. Корисниците кои и досега ги користеле телефоните на Huawei и понатаму ќе можат да ги користат услугите на Google, но од Huawei се подготвени за „светот после Google”. Во медиумите протекоа информации дека Huawei работи ја создавање своја верзија на Google Maps – Map Kit.
Моментално Map Kit не е наменет за обичните корисници туку е замислен како дизајнерска алатка која ги поттикнува девелоперитр да развиваат апликации во кои се потребни мапи и кои користат сервис за локација на корисниците. Но, од компанијата најавија дека во октомври ќе претстават свој сервис за мапи и навигација кој ќе се базира на Huawei Map Kit и ќе биде поврзан со други мобилни апликации и провајдери на навигациски услуги во околу 150 земји во светот.
Според наводите, Huawei Map Kit ќе биде достапен на 40 јазици, ќе овозможува увид во реалната ситуација во сообраќајот и ќе користи навигациски систем кој ќе биде толку софицистиран што ќе може да препознае кога автомобилот ја менува сообраќајната лента. Исто така, наводно, треба да поддржува и приказ во проширена реалност.
За Huawei е многу битно да создаде алтернативен екосистем на услуги и апликации за да ги задржи корисниците и да продолжи да им обезбедува исто ниво на услуги како досега.