Huawei ќе добие дозвола да соработува со американските компании уште 90 дена

- Advertisement -

Привремената лиценца за Huawei ќе се продолжи за 90 дена, пишува Reuters, но треба да почекаат уште два дена за официјална потврда. Се очекува дека Министерството за трговија на САД ќе го продолжи рокот кој и го дадоа на кинеската компанија Huawei Technologies, а тоа ќе овозможи Кинезите и понатаму да купуваат залихи од американските компании за да продожат да ги обезбедуваат своите услуги на корисниците.

Huawei во мај годинава се најде на црната листа на претседателот Доналд Трамп, а и понатаму им е забрането купување на делови и компоненти за нови производи без посебни лиценци. Ова давање дополнително време ќе го обнови договорот чија важност беше до 19 август, а ќе овозможи дополнително одржување на телекомуникациските мрежи и софтверско одржување на уредите на Huawei.

- Advertisement -

Ситуацијата која се врти околу лиценцата стана клучна точка во трговските преговори на САД со Кина.

Сподели!
- Advertisement -