Познато е дека може да помогне за одржување на здравјето на дигестивниот тракт, но сега научниците открија дека корејското јадење „кимчи“ може да се користи за спречување на опаѓањето на косата. Корејското јадење направено од ферментирана зелка, кромид, лук, сос од риба и зачини веќе е популарно кај луѓето кои се грижат за дравјето и ги знаат неговите пробиотски карактеристики.
Најновото истражување покажа дека пијалакот „кимчи“ кој се продава во Јужна Кореја може да помогне да се зајакнат влакната од косата и да поттикне раст на нови влакна за само една недела. Истражувачи од Универзитетот Данкок во близина на Сеул анализирале 23 мажи, од кои некои биле во почетен стадиум на оќелавување, додека други имале видливо гол скалп. Тие требали да пијат „кимчи“ пред појадок и навечер пред легнување.
По еден месец просечниот број на влакна кај нив пораснал од 85 на квадратен сантиметар на 90, а по четири месеци пораснал на 92 влакна. Научниците велат дека ова е значителен пораст на бројот на влакна и изгледа дека се стопирало опаѓањето на косата кај мажите.
Во својот извештај тие велат дека лекарствата и третманите против ќелавост кои постојат денес сите имаат некои несакани ефекти, па може и да ја влошат состојбата, но „кимчи“ може да поттикне раст на косата и да спречи ќелавост додека истовремено е најбезбедна стратегија за луѓето кои имаат такви проблеми.