Шведски научници открија нов вид на корона вирусот кај глодари

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот Упсала во Шведска пронајдоа нов тип на корона вирусот кај полски глувци. Уште не е познато дали тој е опасен за луѓе. Во текот на рецензираната студија, чии резултати ги објави Мултидисциплинарниот институт за дигитално издаваштво, биле испитани 260 полски глувци во огругот Оребро во Шведска. Резултатите од студијата покажуваат дека вирусот, кој го нарекле „гримсо“, е распространет меѓу глодарите во тој регион.

Речниот глушец (Myodes glareolus) е вид на глодар кој има цврнкасто-кафеава боја со сиви точки. Се наоѓа во паркови и во градини, а јаде овошје, јаткасти плодови и мали инсекти.

- Advertisement -

Засега не е познато дали новопронајдениот вирус на кој било начин е опасен за луѓето. Сепак, ова е добар потсетник дека е добро да се следат вирусите кај дивите животни, посебно оние кои се пренесуваат меѓу дивите животни во нашата непосредна близина.

„Уште не знаеме какви потенцијални закани може да претставува вирусот за јавното здравје. Меѓутоа, на база на нашите анализи и претходните корона вируси идентификувани меѓу глодарите, сметаме дека постојат добри причини за следење на корона вирусот меѓу глодарите во дивината“ вели вирологот Ејк Лундквист.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -