Белград од 1 јануари ќе ги забрани пластичните кеси

- Advertisement -

Локалната власт на Белград од 1 јануари следната година ќе ги забрани пластичните кеси и тие нема да смеат да се нудат во малопродажните објекти. Формалната одлука ќе биде донесена на седница на Собранието на Град Белград до крајот на август, најави Горан Весиќ, заменик градоначалник на Белград.

Тој најави дека Белград ќе биде меѓу првите европски градови кој донел таква одлука.

- Advertisement -

„Мерката ја најавивме пред повеќе од една година, на состанок со претставници на малопродажните синџири. Од јануари во продавниците нема да биде дозволено користење пластични кеси. Во меѓувреме, маркетите воведоа наплата на овие кеси и со тоа придонесоа нивното користење во Белград да се намали за околу 60%“ рече Весиќ.

Тој додаде дека гувернерот на Њујорк веќе потпиша закон со кој од март 2020 година на територијата на оваа сојузна држава во САД ќе биде забрането да се користат пластични кеси, а и германските власти најавија дека ќе воведат ваква мерка.

- Advertisement -

„Европската унија до 2021 година ќе ги забрани производите од пластика за еднократна употреба како што се пластични сламки, вилушки, ножеви, додека за другите производи од пластика е оставен рок во кој треба да престане нивната употреба“, додаде Весиќ.

(instore,mk)

Сподели!
- Advertisement -