Русија го испрати хуманоидниот робот „Фјодор“ во Вселената! Неговите задачи се тајна

- Advertisement -

Рускиот хуманоиден робот „Фјодор” првпат одлета во Вселената. Ракетата-носач Сојуз-2.1а полета од космодромот Бајконур, во Казахстан, во 6:38 часот по московско време. Целта на ова лансирање е тестирање на нова капсула која досега учествуваше само доставување на сателити во орбитата. Оваа капсула во иднина треба да биде доставно возило за Федор или Skybota F-850. Роботот е сместен во пилотско седиште како човек.

Пред своето полетување, „Фјодор” извика: „Одиме! Одиме!“, повторувајќи ја познатата фраза на славниот руски астронаут Јуриј Гагарин.

- Advertisement -

За осум минути и 49 секунди, бродот излезе во земјината орбита и се упати кон Меѓународната вселенска станица. Така тој официјално може да се нарече и астронаут.

Претходно, тој „учеше“ и како да пука со пиштол.

- Advertisement -

„Фјодор” ќе лета до Меѓународната вселенска станица. Тој носи специјално подготвени податоци за посадата, а кога ќе дојде на станицата на Земјата ќе донесе информации за безбедноста на летот. Освен тоа за време на 17-дневната мисија ќе изврши 5-6 комплексни задачи кои засега се тајна.

Сподели!
- Advertisement -