Nokia подготвува евтин телефон со поддршка за 5G

- Advertisement -

Светот полека се подготвува за новата генерација безжични мрежи 5G, кои ќе ни овозможат поголема брзина со помала латенција. Досега веќе беа претставени неколку паметни телефони со поддршка за мобилните мрежи од новата генерација. Проблемот со таквите уреди, освен високата цена, е што моментално не може да се искористи нивниот целосен капацитет се додека се стане достапна 5G на пазарите.

Досегашните презентации и тестирања покажаа дека можеме да очекуваме брзини и поголеми од 1 Gbps, што уште сега привлекува голем број куупувачи за тие телефони. Досега 5G телефони претставија Huawei, Samsung, OnePlus и LG, а на сите им е заедничка високата цена.

- Advertisement -

Сепак, изгледа дека наскоро на пазарот ќе се појави нов играч со далеку попристапна цена. Како што потврдуваат од компанијата HMD, која го купи брендот на Nokiа, таа купила лиценца за развој на 5G телефон под брендот на Nokia. Nokia својата шанса на пазарот ја гледа со понуда на ценовно пристапен телефон.

Досега не се споменуваа цифри, но со оглед на тоа дека 5G уредите во САД сега чинат од 1.000 до 1.300 долари, телефонот на Nokiа би чинел половина од тоа, односно од 500 до 650 долари. Секако, иако ќе биде поевтин во однос на конкурентите, 650 долари не е мала сума и освен 5G, од Nokiа очекуваме и добар хардвер и квалитетни камери.

- Advertisement -

Не е познато точно кога би можеле да го очекуваме тој телефон. Една од претпоставките е дека тоа може да се случи во февруари идната година за време на Светскиот мобилен конгрс во Барселона.

Сподели!
- Advertisement -