Volkswagen го менува логото. Сака да изгради нов имиџ

- Advertisement -

„Веруваме дека створивме нова икона“, рече директорот за маркетинг на VW, Јохен Сенгпил. Германскиот автомобилски гигант пред неколку дена го претстави новото лого со кое сака да изгради имиџ на компанија која се грижи за заштита на околината.

“Компанијата е на пат кон мобилност без емисија на штетни гасови“, изјави бренд менаџерот Ралф Брандштатер.

- Advertisement -

Целта на германскиот автомобилски производител е да стане лидер во е-мобилност и до 2025 година да продава милион електрични возила годишно. Во Volkswagen се надеваат дека нивниот електричен модел ID.3 ќе постигне популарност како некогашните Голф и Буба.

Со новиот редизајн, логото го изгуби тродимензионалниот ефект и буквата “W” повеќе не е споена со горното “V”.

- Advertisement -

Компанијата започна да работи на редизајн во 2015 година со цел повторно да ја изгради добрата репутација во општеството. Во текот на следната година, ќе бидат заменети вкупно 70,000 логоа ширум светот.

 

Сподели!
- Advertisement -