Huawei планира да произведе повеќе од 2 милиони базни станици за 5G

- Advertisement -

Основачот на Huawei, Рен Женгфеи, најави масовно производство на 5G базни станици, кои компанијата може да ги произведува целосно самостојно. Huawei сака да биде лидер на полето на 5G технологијата, а компанијата досега потпиша договори со повќее од 50 земји ширум светот за изградба и имплементација на 5G мрежа.
Huawei до крајот на оваа година ќе произведе околу 600.000 5G базни станици, а идната година че произведе најмалку уште 1,5 милиони, изјави Женгфеи. Компанијата планира толку масовно производство и покрај ограничувањата поради забраната за соработка со компании од САД.
„Ние не сакаме ништи друго освен да испорачуваме квалитетни технолошки производи до купувачите. Со децении го градевме системот, инвестиравме во него, го ширевме бизнисот и се боревме со конкуренцијата на пазарот. Годишно трошиме од 15 до 20 милиони долари само на истражување и развој на нови технологии, па веруваме дека која е во прашање технологијата Huawei заслужува да биде светски лидер“ изјави Женгфеи.
Тој потврди дека Huawei ја има комплетната технологија за производство на 5G базни станици и дека во тој сегмент не зависи од други производители. Huawei е неприкосновен светски лидер кога се во прашање 5G мрежите. Во извештајот за глобалната визија за индустријата од Huawei предвидуваат дека до 2025 година во светот ќе бидат имплементирани повеќе од 6,5 милиони 5G базни станици, додека напредната мрежа од новата генерација ќе ја користат речиси 3 милијарди луѓе.

Сподели!
- Advertisement -