ВИДЕО: Ова се првите органски очила за сонце направени од талог од кафе

- Advertisement -

На кафе со пријателите овие летни денови можете да отидете со нов моден додаток – првите органски очила  за сонце направени од талог од кафе дизајнирани од украинскиот бренд OCHIS. Покрај тоа, овие еколошки очила за сонце имаат модерен дизајн и мирисаат на кафе.
До идејата за вакви уникатни очила дошол извршниот директор на компанијата OCHIS Coffee, Максим Хавриленко, кој најпрвин експериментирал со разни билки како нане, босилек и кардамон, за на крајот да го открите идеалниот природен материјал – кафето.
Зелената индустрија веќе го користи за производство на мебел, чаши, боја и биогориво, но Хавриленко самоуверено тргнал во производство на очила за сонце кои мирисаат на свежо сварено кафе.
„Пред се. кафето има црна боја, па оттука ја имате најчестата класична боја на очила за сонце, која одговара со секаква комбинација на облека. Понатаму, во светот има милиони тони талог од кафе кои се фрлаат, а може да се искористат за производство на нови производи“ вели Хавриленко.
Еколошките очила на овој украински бренд се направени од кафе и лен, а се лепени со природни растителни полимери, па предност им е тоа што се биоразградливи и по 10 години може да се користат како ѓубриво. Стаклата не се биоразградливи, но може целосно да се рециклираат.
„Целта ни е да ги промовираме очилата во Украина и во светот, најпрвин поради самата идеја за потребата од еколошки производи, а потоа и поради можноста за правилно менаџирање со отпадот во светот“ објаснува Хавриленко.
https://www.kickstarter.com/projects/823580532/ochis-first-organic-sunglasses-made-of-coffee

Сподели!
- Advertisement -