Кралицата Елизабета Втора забрани употреба на пластични шишиња и сламки во кралските палати

- Advertisement -

Кралицата Елизабета Втора неодамна забрани употреба на пластични шишиња и пластични сламки во палатите со цел да се намали пластичниот отпад. Independent и The Telegraph цитираа портпарол од Бакингемската палата дека „кралското семејство има силна желба да се позанимава со овој проблем со пластиката“, пренесува Inhabitat.

Некои луѓе мислат дека кралицата се заинтересирала за проблемот со пластичниот отпад откако работела на документарец заедно со натуралистот Дејвид Атенбороу, кој неодамна ја разработуваше дилемата со пластичниот отпад во својот документарец „Сина планета 2“ (Blue Planet II). Во еден извадок од филмот може да се види срцепарателна слика на мајка кит која во уста го носи своето бебе веројатно отруено од пластика.

- Advertisement -

Кралицата ќе се позанимава со пластичниот отпад на повеќе начини. Од Бакингемската палата истакнаа дека имаат нови планови за отпадот, вклучувајќи и мерки за исклучување на употребата на пластични сламки во кафулиња и забрана да се употребуваат во трпезариите за персонал. Амбалажата на храната која се приготвува во кафулињата Royal Collection ќе мора да биде биоразградлива. Во Бакингемската палата, замокот во Виндзор и во палатата Холирудхаус ќе се користат само стаклени чаши и порцелански чинии, како и хартиени чаши кои може да се рециклираат.

Освен тоа, Telegraph пишува и дека во Бакингемската палата се врши реновирање кое ќе трае 10 години и ќе чини околу 500 милиони долари со цел палатата да се направи енергетски поефикасна. Ќе се постават соларни панели на покривите и со анаеробна дигестија ќе се креира биогас од отпадот. Бакингемската палата има и веб страница посветена на околината, каде што се вели дека кралското семејство напорно работи за во сите палати и имоти да го намали штетното влијание врз животната средина.

Сподели!
- Advertisement -