Новиот Samsung Galaxy A30s помоќен и со понапредни клучни спецификации

- Advertisement -

 
Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави новиот модел на телефони Galaxy A30s со современ изглед и напредни иновации. Покрај сестраната камера, Infinity Display и издржливата батерија, овој смартфон е создаден за корисниците кои сакаат од момент во момент да ги зачуваат и споделуваат своите искуства, овозможувајќи им се што им е потребно за инстант секојдневност. 
„Станува сè потешко да го замислиме животот без паметни телефони. Истите нѐ спојуваат и ни овозможуваат да ги споделуваме нашите искуства со светот“, вели YeonJeong Kim, потпретседател и раководител на одделението Product Planning Group, Mobile Communications Business во Samsung Electronics. „Како што честото користење на овие уреди континуирано расте, нашата цел е непрестано да воведуваме иновации, обезбедувајќи им ги на корисниците нашите најдобри производи и искуство. Можностите кои ни се потребни од еден телефон на дневно ниво, Galaxy A30s ги подига на уште повисоко ниво.“
Моделот е достапен во четири нови бои – црна, бела, зелена и виолетова и се одликува со иновативен, впечатлив дизајн со уникатни геометриски шари и футуристички холограм-ефект во позадина.
Во комбинација со издржлива батерија од 4.000mAh и можност за брзо полнење, како и со Game Booster-от на база на вештачка интелигенција, овој модел го овозможува најдоброто гејминг искуство „за носење“.
Покрај тоа уредот има и трикратна задна камера – напредна главна од 25MP, една со ултра-широк објектив од 8MP, како и длабочински објектив од 5MP. Со помош на Live Focus режимот на камерата од 5MP, корисниците можат да го користат боке ефектот на професионално ниво и на тој начин да создадат динамични портрети. Алатките на паметната камера подразбираат достапност на опциите Flaw Detector и Scene Optimizer благодарение на кои може многу лесно да се направи совршена фотографија.
Скенерот за отпечатоци на прсти е вграден во самиот екран, со што се зачувува едноставниот дизајн и во исто време се овозможува интуитивна заштита на податоците.
Корисниците на Galaxy A30s смартфоните ќе се вмрежани со Galaxy екосистемот и ја имаат можноста да користат различни сервиси како Samsung Health, Samsung Pay и Knox.
За повеќе информации за Galaxy A серијата на смартфони посетете ги news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com/galaxy-a-2019 или www.samsung.com/galaxy.
Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежните и LSI системи, меморијата, и LED технологијата. За дополнителни информации и вести ве замолуваме да ја посетите http://news.samsung.com.

Сподели!
- Advertisement -