The Startup се патики направени посебно за генерални директори

- Advertisement -

Дизајнерот на обувки K-Swiss претстави нова линија патики кои се наменети специјално за егенрални директори. Без оглед на тоа дали сте во канцеларија, со некој клиент или трчате на аеродром, овие патики се за сите вас кои сте постојано на нозе, вели производителот.
Колекцијата The Startup на K-Swiss содржи три модели на патики како за мажи така и за жени. Сите три модели имаат бел ѓон, при што моделот Risk е направен од црна кожа, Vision од кремава кожа и Ambition од сива кожа. Сите дизајни имаат патент од страната за полесно обување и собување.
Од компанијата велат дека овие патики се наменети за секакви прилики, па можете да ги носите на состонаок, додека патувате или ако сакате да се дружите со колегите после напорниот работен ден. Без оглед кој модел или големина ќе го купите, сите чинат 69 долари.
Од K-Swiss велат дека цената е ниска затоа што се продаваат исклучиво преку Интернет. На нивната страница може да се види и реалната цена на патиките, односно трошоците за изработката, а таа е малку повисока од 32 долари.

Сподели!
- Advertisement -