WizzAir прогласена за најдобра нискотарифна авиокомпанија за 2019 година

- Advertisement -

Нискотарифната авиокомпанија WizzAir е проглaсена за најдобра нискотарифна компанија во 2019 година. Нагарадата беше доделена на 17 септември во Вилниус, Литавнија, на свечена церемонија за доделување награди на Европската воздухопловна индустрија во рамките на Европската воздухополовна конвенција за 2019 година.
Оваа награда е една од најзначајните и најпрестижните во воздухопловната индустрија. Повеќе од 150.000 поединци гласале за комерцијални авиокомпании од целиот свет.
Во изминатите два месеци WizzAir има превезено повеќе од 37 милиони патници на своите нискотарифни летови до 151 дестинација во светот. Тоа претставува раст од 16% во однос на претходната година.
Од WizzAir наведуваат дека се посветени на обезбедување квалитетни услуги на сите свои клиенти од резервацијата на летот до крајот на патувањето и дека непрекинато работат на развој на едноставни онлајн-решенија кои го прават патувањето попријатно.
WizzAir ја има една од најмладите флоти во Европа која моментално се состои од 119 авиони со просечна старост од 4,7 години. Компанијата моментално има вкупно 271 порачани авиони од типот Erbas A321neo, Erbas A321neo или A321XLR.

Сподели!
- Advertisement -