Трговката војна меѓу Кина и САд и „црната листа“ на Трамп го засенија претставувањето на најмоќниот телефон на кинескиот технолошки гигант Huawei затоа што кинескиот џин одлучи серијата Mate 30 да не биде достапна за продажба, барем засега. На презентацијата која се одржа вчера во Минхен тие само ги наведоа цените на уредите, но не и кога ќе бидат достапни.
Тоа е голем удар за компанијата која во текот на есенва треба да се бори со најновите модели од Apple и Samsung. Имено, ова се првите телефони на кои се однесува америанската забрана за трговија и соработка со Кина и затоа телефонот не смее да ги има сервисите на Google. Тоа е препрека која би била преголем товар за купувачите во Европа, кои не бо можеле да дојдат лесно до сите сервиси и апликации на кои се навикнати преку Google Play продавницата, односно тешко дека би дале 1.000 евра за телефон кој го нема сето тоа.
Како што објавија од Huawei, Huawei Mate 30 ќе чини 799 евра. Pro верзијата (8/256 GB) ќе чини 1.099 евра, додека 5G верзијата ќе чини 1.199 eura. Најскап е моделот Porsche Design и за него ќе треба да издвоите 2.095 евра. Но, без оглед на се, кинескиот гигант во Минхен го прикажа најдоброто што може да го понуди сега со надеж дека европските купувачи ќе причекаат на надргадбите и на евентуалното решавање на американската забрана.
Главната ѕвезда, секако, беше Mate 30 Pro, телефон кој е еден од првите кои благодарение на посебната камера од 40 мегапискели за видео овозможува снимање забавени видеа со 7.680 слики во минута, а снима и видеа со резолуција 4K и 60 слики во секунда. Токму на снимањето, на перформансите при слабо осветлување и на кино ефектите беше ставен најголемиот акцент на претставувањето. Освен таа камера, има уште три од задната страна – телефото камера од 8 мегапискели со троен зум и TOF сензор, и притоа сите се на Leicа, со која Huawei соработува веќе неколку години. Телефонот го доби и новиот процесор Kirin 990 со 5G модем, па ќе се нуди и во 4G и во 5G верзии. Батеријата има 4500 mAh и поддржува безжично полнење од 27W. U
Новиот Mate 30 ги поместува границите на возможното, но ќе почекаме додека стигне во Европа
- Advertisement -
- Advertisement -