Facebook снима филм за Новак Ѓоковиќ

- Advertisement -

Facebook на Копаоник снима документарен филм за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и добротоврните активности со кои што се занимава тесникиот рекет број еден во светот. Главните кадри се направени на „Другаријадата“, која седма година по ред ја организира Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, а на филмот рабти повечлена екипа од Велика Британија. Корисниците на Facebook  материјалот ќе можат да го видат на крајот на откомври или најдоцна до крајот на годината.
На чело на тимот е продуцентот Том Пери од Лондон од името на компанијата Film Farmers, која Facebook ја анагажираше за оваа прилика, а неговиот прв соработник е Сем Клејсон.
„Правиме филм од неколку минути, со фокус на добротоврните активности на најдобриот тенисер во светот. Поминавме неколку дена работејќи во Брзеќ и снимајќи ги активностите на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“. Многу сме задоволни од тоа како напредува снимањето“ се вели во соопштението.
Том Пери изјави дека кога филмот ќе биде готов, кога ќе гледа тенис ќе навива за Новак.
„Новак е многу фин, опуштен, пријатен и направи без проблем се што му рековме. Среќни сме што соработуваме со таков ќовек и се надевам дека ќе имаме прилика повторно да снимаме за него“ додаде тој.
Сем Клејсон изјави дека тимот од Англчија не бил многу запознаен со добротворните активности на српскиот тенисер.
„Знаевме за неговата кариера како тенисер, но луѓето во Велика Британија генерално не се доволно запознаени со фондацијата и со се што прави за да им помогне на децата, особено овде во Србија. Беше убаво да ги отвориме очите и да видиме што прават Новак и фондацијата за најмладите“ изјави Клејтон.
Британците се постојани соработници на Facebook за различни проекти ширум светот. Снимаа во Европа и во САД, а работеа и со боксерот Ентони Џошуа, со пливачот Ели Симонс и со други познати личности. Тимот од Лондон по прв пат е во Србија.

Сподели!
- Advertisement -