14 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

Мате Римац му овозможува секому да стане акционер во неговата компанија со инвестиција од 100 евра

Kabtel desktop

Компанијата на Мате Римац за електрични велосипеди секому му овозможува да стане акционер со инвестиција од 100 евра. Хрватската компанија Greyp Bikes неодамна постигна голем успех на саемот Eurobike 2019 во германскиот град Фридрихшафен со наградата Eurobike Award за својот велосипед Greyp G6 ланисран минатата година.
Сега компанијата издаде соопштение во кое најави јавна понуда на дигитален токен преку кампања за групно финансирање, која ќе овозможи секој да стане инвеститор за влог од минимално 100 евра. На тој начин секој ќе може да купи удел во компанијата преку платформата Neufund преку овој линк.
Инвеститорот ќе има право на глас во управувачките одлуки на компанијата и ќе има право на дивиденда. Целта на Greyp Bikes со ова е да соберат 5 милиони евра инвестиции, а освен во евра, удел во компанијата на Мате Римац ќе може да се купи и со дигиталните пари етереум.
Greyp Bikes во јавната понуда пушти 30 акции. Цената на една акција изнесува 161.870,50 евра. Тоа значи дека не мора да купувате цела акција, туку сао удел во противвредност од 100 евра или повеќе.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •