Швајцарија воведе 5G, но Швајцарците не ја сакаат новата технологија

- Advertisement -

Неколку илјади луѓе протестираа во саботата во Берн против воведувањето на петтата генерација мобилни мрежи 5G во земјата. „Бојкот за 5G” и „Секогаш побрзо, повеќе, на штета на човекот и околината“, „Стопирајте го 5G” пишуваше на транспарентите кои демонтрантите ги распоредија пред швајцарскиот Парламент за да предупредат на технологијата за која тврдат дека е штетна за здравјето.
„Тоа што денес се собраа толку многу луѓе е голем знак против неконтролираното воведување 5G” велат од здружението кое го организирало протестот. После Јужна Кореја, Швајцарија е една од првите земји во светот кои ги воведоа 5G услугите, односно мобилната инфраструктура која е во центарот на технолошките несогласувања меѓу САД и Кина.
Противниците на 5G во Швајцарија се плашат од електромагнетното зрачење на технологијата и неколку кантони – Женева, Вауд, Фијбур и Нoшател – под притисок на онлајн петиција ја стопираа конструкцијата на антени како мерка на претпазливост. Многу влијателниот швајцарски сојуз на лекари се залага за вниматечност и објаснуваат дека додека не биде научно докажано дека зголемувањето на сегашните гранични вредности на зрачење нема штетно влијание на здравјето, не треба да се зголемува зрачењето“.
Противниците на 5G технологијата се обидуваат да покренат иницијатива за референдум на таа тема, за што ќе треба да соберат 100.000 потписи за 18 месеци.

Сподели!
- Advertisement -