Google тестира инкогнито начин на работа за своите мапи

- Advertisement -

Апликацијата Google Maps е неверојатно практична и многумина ја користат речиси секојдневно, но таа собира многу податоци за движењето на кориснциите и за нивните активности. Меѓутоа, тоа наскоро ќе се промени.
Google наскоро ќе воведе инкогнито начин на работа за апликацијата Maps, така што корисниците полесно ќе ја користат навигацијата без да оставаат траги зад себе. Оваа опција веќе се тестира.
„Наскоро на Google Maps кога ќе го вклучите инкогнито начинот на работа вашата активност, местата кои сте ги пребарувале или сте барање насоки нема да се прикажуваат на вашата Google Account. Доволно е да ја допрете профилната фотографија за да го вклучите или да го исклучите инкогнито начинот на работа“ соопштија од Google.
На пример, кга ја користите апликацијата во Incognito начин на работа, таа нема да ги зчува податоците од пребарувањето, нема да испраќа известувања, да ја освежува или да ја споделува локацијата, а нема ни да ги користи вашите лични податоци за персонализирање на Maps.
Освен на мобилните телефони, Incognito ќе биде достапен и на декстоп преку Chrome. Со оглед на тоа дека Maps е веб апликација, кога ќе го користите Chrome во Incognito, тоа автоматски ќе се применува и на Maps.

Сподели!
- Advertisement -