Американската компанија Boston Dynamics вчера објави видео на кое нејзниот најпознат робот прототип – роботот Atlas – изведува досега невидени акробации. Откако ќе го погледнете видеото, можеби ќе ве полазат морници од тоа што за што се е способен Atlas.
Atlas го користи целото свое тело за да изведе низа маневри кои досега сме ги виделе само кај гимнастичари и кај луѓе кои се навистина еластични.
„Ги креиравме овие движења користејќи оптимизиран алгоритам кој сложените описи на маневрите ги превора во движења во граница до која се возможни. Успешноста на лесните движења на Atlas, кои се далеку подобри од претходните, изнесува околу 80%“ велат од Boston Dynamics.
Инаку, роботот Atlas е создаден во 2013 година, а замислено е да биде хуманоидна машина способна за потрага и спасување луѓе од несреќи.
ВИДЕО: Роботот Atlas стана гимнастичар
- Advertisement -
- Advertisement -