Илон Маск: Автомобилите на Teslа годинава ќе станат целосно автономни!

- Advertisement -

Автомобилите на Teslа уште годинава ќе можат сами да ги земат своите сопственици од паркинг и да ги одведат до саканата дестинација. Тоа ќе го прават целосно самостојно, без интервенција на возач, најави извршниот директор на Teslа, Илон Маск.

Значи автомобилите на Tesla уште во текот на 2019 година ќе имаат можност за целосна автономија, но тоа не значи дека автопилотот е 100% сигурен затоа што секогаш се можни грешки и возачите ќе мора да ја надгледуваат ситуацијата во текот на возењето. Исто така, друг проблем врзан за автономните возила се законите за сообраќај кои не дозволуваат целосна автономија.

- Advertisement -

„Сигурен сум во тоа. Кога регулаторите ќе ни дозволат да ги користиме овие опции, под надзор на луѓе, тоа е променлива над која имаме ограничена контрола“. изјави Маск.

Мадк додаде дека во наредните две години автомобилите на неговата компанија, односно компјутерите кои управуваат со нив ќе станат толку безбедни што возачите ќе можат да до преспијат цел пат без страв дека ќе се случи нешто.

- Advertisement -

Некои сопственици на Teslа веќе сега размислуваат така и на Интернет се појавија снимки на кои се гледаат автомобили на Teslа со кои управува автопилот, додека возачите спијат. Моментално тоа е е многу опасно затоа што во текот на минатата година се игуби животот, додека други имаа среќа и во последен момент ја презеле контролата над возилото.

Сподели!
- Advertisement -