Како изгледа креш тест на прототипот на Мате Римац вреден милион евра

- Advertisement -

Мате Римац минатата година го одушеви светот со супербрзиот автомобил C_Two, чии перформанси ќе можат да ги осетат и во нив да уживаат само оние со подлабок џеб затоа што автомобилот вреди повеќе од милион евра.
Патот на развојот на еден автомобил е прилично долг и захтевен, а за каков процес станув збор и какви се предизвици се ставени пред нив објаснија од Rimac Automobili на својата интернет-страница. За компанијата на Римав најголем предизвик е хомологацијата на моделот C_Two, а тој процес е исто тежок и за малите производители.
Целиот процес од првиот концепт преку прототиповите до излегувањето на автомобилот на пат трае 3-4 години. На почеток се прават симулации, потоа следат испитувања на материјали и компоненти, па тестирање на самото возило кое вклучува експериментални и претпродукциски модели, а дури потоа конечниот производ.
„Целта е да се постигне најсорвешна корелација меѓу реалното и виртуелното тестирање за да се намали ризикот кога уништувате прототип вреден милион евра“ велат од Rimac Automobili.
Потоа е време за нов степен во процесот на развој кој вклучува подобрување на дизајнот и усовршување со виртуелни симулации, а како изгледа процесот на хомологација и тестирање во Rimac Automobili погледнете од видеото во прилог.

Сподели!
- Advertisement -