- Advertisement -
Здружението „Ајнштајн“ ги промовираше првите организатори (џебови) за складирање на мобилните телефони, наменети за учениците од сите основни училишта на територија на Општина Карпош.
Така, учениците, пред почетокот на секој час, ќе бидат задолжени да ги оставаат своите мобилни телефони во еден од џебовите на организаторот. Главната цел на проектот е подобрување на когнитивните, комуникациските и социјалните функции и зголемена фокусираност и внимание на учениците за време на училишните часови.
За да ја оствари оваа цел, од „Ајштајн“ соработуваа со издавачката куќа Арс Ламина и Општина Карпош. Изработени и поставени се вкупно 136 организатори за мобилни телефони, од кои 68 организатори со по 30 џебови наменети за помалите училишта и 68 организатори со по 35 џебови наменети за поголемите училишта.
Како што информираат од здружението, Грција, Франција и Велика Британија се дел од државите каде што употребата на мобилни телефони во училиштата е забранета. Но со почетокот на оваа учебна година и нашата држава се позиционираше на светската мапа на држави кои ќе ја ограничуваат употребата на мобилните телефони за време на училишните часови. Со почетокот на оваа учебна година Општина Карпош донесе одлука со која се ограничува користењето на мобилните телефони од страна на учениците за време на училишните часови и истата е веќе изгласана од страна на сите 10 основни училишта на територија на Општина Карпош.
Од „Ајнштајн“ се надеваат дека ваквиот проект ќе продолжи да се спроведува и во останатите општини.
(Извор- www.radiomof.mk)