Компанијата Google почна да воведува dark mode за својата апликација Gmail за оперативните системи Android и iOS. Од Google соопштија дека тие кои користат Android 10 или iOS 13 веќе имаат dark mode вклучен на системско ниво и Gmail автоматски ќе биде прилагоден на dark mode. Освен тоа, dark mode ќе се активира доколку користите Pixel смартфон и го имате вклучено штедењето на батеријата. Ако користите, пак, постара верзија на Android или iOS, dark mode ќе мора да го побарате во прилагодувањата.
За да проверите дали ви е достапен dark mode, стартувајте ја апликацијата Gmail, изберете прилагодувања, а ако видите нова опција „Theme”, тука ќе го активирате dark mode. Ако уште не ја гледате таа опција на вашата апликација, не се грижете. Од Google нагласуваат дека полека ја воведуваат за сите телефони. Тој процес ќе трае нешто подолго од 15 дена, како за Android, така и за iOS.
Google воведе dark mode за апликацијата Gmail
- Advertisement -
- Advertisement -