Германскиот град Герлиц сака да привлече нови жители нудејќи еден месец бесплатен престој

- Advertisement -

Еден месец бесплатен престој е планот со кој германскиот град Герлиц сака да привлече нови жители. Градот се наоѓа во сојузната држава Саксонија на границата со Полска. Има 56.400 жители, но по примерот на останатите европски градови сака на странските државјани и на Германците да им понуди поволности и да привлече повеќе луѓе да се преселат.
За обезбеденото сместување кое потенцијални кандидати го нудат на еден месец градот не бара ништо за возврат. Поточно, ако после еден месец одлучат пак да се вратат дома, тие слободно можат да го направат тоа без да даваат пари за сместувањето. Иако поради својата историја Герлиц привлекува повеќе од 140.000 туристи годишно, уште од падот на Берлинскиот ѕид градот има проблеми со иселување на жителите.
Со оглед на тоа дека веќе започнале со новиот проект, градските власти велат дека досега примиле 150 пријави. Од нив дури 2/3 се од поголеми германски градови, додека останатите се од соседните земји. Освен европски, властите примиле и неколку пријави од САД.
Инаку, последната година слична пракса за привлекување жители користеа повеќе градови во Италија, Грција, Канада и во Турција. Зад овој тренд не заостануваат ни градовите во САД. Еден град во сојузната држава Оклахома на ИКТ експерти им нуди 10.000 долари да се преселат таму.

Сподели!
- Advertisement -