Невидлив спреј ја рефлектира светлината и ги прави велосипедистите и пешаците побезбедни

- Advertisement -

Велосипедистите и пешаците многу често се жртви за сообраќајни незгоди, некогаш по нивна, некогаш по вина на возачите на автомобилите. За велосипедите има повеќе решенија за да бидат повидливи кога се возат и да не настрадаат, но сега има универзално решение и за велосипедите, и за пешаците и за луѓето кои сакаат да трчаат навечер или во раните утрински часови кога се уште е темно.
Albedo100 е спреј кој на дневна светлина е невидлив и не остава никакви траги на облеката, а при најслабо осветлување од вештачки извор спрејот ја рефлектира светлината и го прави максимално видлив тој што го носи. Освен на облека, спрејот може да се испрска на речиси секаква површина, па дури и на домашните миленици за и тие да бидат безбедни додека ги водите на вечерна прошетка.
Може да се испрска и на количка за бебе, на велосипед итн. Се користи многу едноставно и брзо. Треба да го нанесете на површината со прскање на оние делови кои сакате да бидат рефлектирачки. Бидејќи тие делови ќе бидат многу посветли од околината кога во нив ќе удри светлината од автомобилите, возачите ќе имаат многу повеќе време да реагираат и да бидат повнимателни.

Light Reflective Spray

This invisible light-reflective spray makes the roads safer for cyclists, runners and pedestrians.

Posted by Startup Selfie on Вторник, 24 септември 2019

Сподели!
- Advertisement -