Холандски супермаркети продава само климатско-неутрални банани

- Advertisement -
Холандскиот трговец на мало „Плус“ објави дека воведе целосно климатско-неутрални банани, на кои е ставен код кој помага во следењето на новниот пат од плантажите во регионот на Колумбија до полиците во маркетите. 
Компанијата соработуваше со технолошката фирма „Сим“ за да имплементира блокчеин – пресликување во својот синџир за набавки на банани.
Блокчеин нуди информации за тоа кога бананите биле набрани, како и за емисијата на CO2 на секој чекор во синџирот.
Oд Плус наведуваат дека бананите се еден од најпродаваните производи и затоа тие како одговорна компанија сакаат да бидат сигурни дека се запазаени сите етички и еколошки процедури во целиот синџир на набавка на овој производ.
(esmmagazine.com)
Сподели!
- Advertisement -