Потрошувачката на гас во ЕУ намалена за над 20%

- Advertisement -

Потрошувачката на природен гас во ЕУ се намалила за 20,1% во периодот од август до ноември 2022 година во споредба со потрошувачката во истиот период од 2017 до 2021 година. Новите регулативи кои ги усвои ЕУ во рамките на планот REPowerEU за намалување на зависноста на ЕУ од руските фосилни горива наметнаа рамка од 15% намалување на потрошувачката од август 2022 до март 2023 година споредено со просекот во истиот период во текот на петте претходни години.

Во периодот од август до јоември 2022 година потрошувачката на гас се намалила во повеќето земји-членки. Во 18 од нив потрошувачката се намалила повеќе од побараните 15%, во некои се намалила за дури 40%, а најголем пад на потрошувачката на гас е забележан во Финска (52,7%), Латвија (43,2%) и во Литванија (41,6%).

- Advertisement -

Шест од земјите-членки, иако ја намалиле консумацијата на гас, не ја достигнале целта од 15%. Во Малта, пак, има пораст на потрошувачката на природен гас за 7,1%, а во Словачка за 2,6%.

Овие информации ги објави Евростат, статистичката канцеларија на Европската унија.

- Advertisement -

(Europa.eu)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -