Група научници направи гел кој спречува ширење на пожар

- Advertisement -

Група научници од Калифорнија направија прототип на гел кој може да се користи за спречување на ширењето пожар на отворено. Научниците од Школата за инженеринг на Универзитетот Стенфорд велат дека гелот може да се нанесе на сите предели кои се во опасност од појава на пожар.

Гелот е направен од целулоза и останува ефективен во текот на целата сезона на пожари и покрај надворешните временски влијанија. Проектот го предводел Ерик Ател, професор по материјални науки и инженеринг на Стенфорд. Претходно тој има работено на создавање хидрогелови за фармацевтски компании. Откако бил сведок на страшните пожари во Калифорнија минатата година, Апел се запрашал дали може да постави ретарданти на пожар во гел. Откако дискутирал со брат му, кој работел на превенција на пожари во Хаваи, Апел одлучил да направи прототип.

- Advertisement -

„Единствениот начин на кој моментално се бориме со пожарите е да бидеме реактивни. Чекаме да почнат и потоа излегуваме и користиме ретарданти на пожар за да ги изгаснеме. Тој пристап често има несогледливи последици“ вели Апел.
Во пожарите во Калифорнија загинаа 86 луѓе, а беа уништени повеќе од 14.000 домови. Прототипот на Апел се покажа успешен на прелиминарните тестови и превенираше пожари на места каде што има голем ризик од пожар.

Сподели!
- Advertisement -