Куќи за бездомници кои се склопуваат под земја

- Advertisement -

Бездомниците се проблем со кој се соочува целиот свет, особено поголемите градови од различни причини. Некои дошле од руралните средини во потраба по работа, но не успеале да се снајдат. Други го изгубиле домот поради финансиска криза или не можат да си дозволат да поседуваат дом во град каде што цената за квадратен метар вртоглаво расте.
Како и да е, властите насекаде бараат решенија. Досега сме пишувале за домови направени од бетонски цевки, за мали соби кои ќе стојат прикачени од страните на зградите, за шатори кои им го олеснуваат животот под ведро небо итн. Сега имаме сосема поинаков решение.
Како што можете да видите и од видеото во прилог, станува збор за концепт на куќи кои се склопуваат и се сокриваат под земја. Кога се сокриени над земја се гледа само метален столб со екран и копчиња. Со пририскање на копчињата се активира лифтот која ја качува куќата на површина, која се отвора како печурка и кога луѓето ќе влезат во неа, се подига над земја. Концептот е дело на руската компанија Dahir Insaat, која е позната по своите футуристички замисли.

Folding House Concept

Folding house concept for the homeless🤔

Posted by Startup Selfie on Среда, 25 септември 2019

Сподели!
- Advertisement -