11 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

InnoTech Club aктивности

Kabtel desktop

InnoTech Club e проект фокусиран на зголемување на свесноста за наука, иновации и напредни технологии помеѓу младите средношколци, студентите, факултетите и домашните и странските производни компании. Наши партнери се сите засегнати групи кои целат кон остварување на заедничката цел – зголемување на свесноста за наука, иновации и напредни технологии помеѓу младите средношколци и студенти.

Во првата фаза проектот се фокусира на анимирање на сите потенцијални партнери и воспоставување на Борд на експерти од редот на професори, стручњаци и компании, кој ќе има советодавна улога.

Првиот голем kick-off настан на кој ќе се престави InnoTech Club ќе се одржи кон крајот на ноември 2019 година. На овој настан, домашни и странски експерти од областа на технологијата, иновациите и науката ќе го пренесат своето искуство на присутните средношколци, студенти и домашни и странски компании во Република Северна Македонија.

Во следните пет месеци на Inno Café настаните ќе се дружиме во Скопје, Штип, Тетово и Битола. На овие настани преку заедничко дружење и неформална презентација ќе се запознаеме со иновативни, научни и технолошки успешни проекти кои ги прават поединци или компании/институции во нашата земја. Овие настани тие ќе ни помогнат да се запознаеме, вмрежиме и инспирираме за нови заеднички иницијативи!

Со завршната конференција во мај 2020 година ќе ја презентираме InnoTech Club како think-tank организација која ќе продолжи да ја шири визијата за македонската економија базирана на знаење, иновации и напредни технологии!

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •