Tимот на InnoTech Club

- Advertisement -

Д-р Игор Јорданов е професор на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје со богато искуство на истражувачки пректи во земјава и странство. Тој е меѓународно признаен научник кој има работено на Универзитетот во Љубљана во Словенија, Гент Универзитетот во Белгија и Texas A&M Универзитетот во САД.  Во неговиот фокус на научна работа е производство на иновативни, паметни и напредни материјали со примена на еколошки технологии и обновливи материјали.

М-р Верица Јорданова е новинар со повеќе од 20-годишно искуство, претприемач, консултант, магистер по стратешки комуникации, основач и уредник на веб порталот www.inovativnost.mk. Таа има богато искуство во организирање и модерирање на бизнис настани во земјава и странство. Нејзиното искуство во промовирање на македонската иновативна, технолошка и стартап сцена ја етаблираше како одличен познавач на оваа сцена во земјава.

- Advertisement -


Д-р Зоран Марков е професор по механика на флуиди и хидроенергетика на Машинскиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, со меѓународно истражувачко искуство во Турбоинститут во Љубљана, Словенија, The Pennsylvania State University во САД, Универзитетот Ерланген во Германија, Vrije Универзитетот во Белгија, Норвешкиот Универзитет за наука и технологија и Аристотел Универзитетот во Грција. Неговото поле на експертиза е хидроенергетика, гасоводни системи и пречистителни станици за отпадни води.

- Advertisement -

Љубица Ангелкова е новинар, модератор, ПР експерт. Најголем дел од нејзината професионална кариера е врзан за телевизиско новинарство во регионалната телевизија Тера од Битола. Таа исто така е многу активна во волонтерски активности и бројни проекти на невладини организации, насочени кон креирање на подобро општество.

Сподели!
- Advertisement -