Порше сака да прави летачки автомобили

- Advertisement -

Германскиот произведувач потпиша меморандум со компанијата Боинг кој предвидува соработка во областа за развој на летечки премиум возила.

Лалп велат од партнерот Боинг, договорот меѓу компаниите значи дека двете компании ќе ги насочат своите активности кон развивање на урбана мобилност во воздух и ширење на градскиот сообраќај во воздушниот простор.

- Advertisement -

Партнерството ќе се фокусира на летачки лични премиум возила , а компаниите ќе го истражат нивниот пазарен потенцијал и можност за употреба во иднината. Исто така во план е и развој на електрично возило за вертикално полетување и слетување, кое во овој момeнт се опишува како концепт.

Иако партнерството се уште е во рана фаза, двете компании како илустрација објавија неколку рендери кои прикажуваат елегантно мало летало со кратки крилја.

Сподели!
- Advertisement -