ВИДЕО: Можете ли да ги препознаете седумте фази на еден сајбер напад?

- Advertisement -

Сајбер нападите се едни од најголемите закани по безбедноста на луѓето онлајн во оваа модерна доба. тие можат да нанесат повеќе видови на штета, од кои некоја може да биде и непоправлива.

Но, дали некој обичен корисник на интернет знае да ги препознае знаците на еден сајбер напад за да може да реагира навреме? Одговорот се разбира е не. Освен што е потребна поголема едукација за сајбер нападите во корпоративна, но и во приватна, домашна средина, еве неколку корисни информации за фазите во кои се одвива еден сајбер напад.

- Advertisement -

Прво, хакерите ги идентификуваат своите таргети. Им треба само една влезна точка во некоја компанија. Тоа значи дека апсолутно секој во таа компанија е потенцијална жртва.

Второ, информациите до кои ќе дојдат ги претвораат во свое оружје. Тие ги користат тие информации за да напишат фишинг имејл или да креираат лажни веб страници преку кои ќе собираат лични податоци и лозинки.

- Advertisement -

Трето, го извршуваат нападот. Откако ќе ги испратат имејловите и ќе ги креираат лажните страници, чекаат некој да се фати на нивната мамка.

Четврто, го експлоатираат пристапот кој им се отворил. Тоа значи дека ги исптобуваат корисничките имиња и лозинките кои ги откриле или на далечина пристапуваат до нечиј компјутер користејќи злонамерен софтвер.

- Advertisement -

Петто, инсталираат т.н. задна врата, односно си создаваат влез за повторен пристап до истата мрежа без знаење на корисникот. Тоа може да биде нов администраторски профил или исклучување на некои од опциите на вашиот огнене ѕид.

Шесто, команди и контроли. Хакерите сега можат да се претставуваат како кој било вработен во компанијата, вклучувајќи го и извршниот директор. Можат и на сите корисници да им го блокираат пристапот до мрежата, а потоа да бараат откуп за повторен пристап.

Седмо, постигнување на целите. Под ова се подразбира монетизација на украдените податоци или уценување со инкриминирачки имејлови. Или едноставно предизвикување хаос со исклучување на системите и на опремата во една компанија.

(World Economic Forum)

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -