Нобеловата награда за хемија ја добија креаторите на литиум-јонските батерии

- Advertisement -

Нобеловата награда за хемија годинава ја добија Џон Б. Гудинаф, М. Стенли Витингам и Акира Јошино за развојот на литиум-јонските батерии, соопшти Кралската шведска академија на науки.

- Advertisement -

„Литиум-јонските батерии направија вистинска револуција во нашите животи и ги користиме насекаде – од мобилните телефони преку лаптопите до електричните автомобили. Со својот труд годинашниот лауреат за хемија ги постави основите за беззжично општество без фосилни горива“, се вели во соопштението.

Креаторите на батериите добиваат и награда од 9 милиони шведски круни или околу 1 милион евра, златен медал и диплома. Нобеловата награда за хемија е награда која годишно ја доделува Кралската шведска академија на науки на научници од разни полиња.

- Advertisement -

Тоа е една од Нобеловите награди кои се воспостваени после режимот на Алфред Нобел во 1895 година и се доделуваат за исклучителни придонеси во хемијата, мирот, филозофијата или медицината.

Наградата ја доделува Кралската шведска академија на науки по предлог на Нобеловиот комитет за хемија, кој се состои од пет членови кои ги избрала академијата. Наградата се доделува во Стокхолм на годишната церемонија, 10 декември, на годишнината од смртта на Нобел.

Сподели!
- Advertisement -